Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Остануваат уште осум ратификации до полноправното членство во НАТО
Политика

Остануваат уште осум ратификации до полноправното членство во НАТО

јули 13, 2019Updated:јули 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По ратификацијата на протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО што го направија завчера Народното собрание на Република Турција и Парламентот на Чешката Република остануваат уште осум ратификации до полноправното членство во Алијансата.

Ратификацијата на Протоколот во Турција ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак.

„Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификацискиот процес на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот интегративен процес“, напиша Ашкин Бак на Твитер.

Протоколот за членство во НАТО завчера доби зелено светло и во чешкиот Парламент.

„Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса“, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.

Досега дваесеттина земји членки го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО.

Се очекува летово тоа да го сторат и САД, а до крајот на годинава и преостанатите
земји созјузници со што Северна Македонија и официјално ќе стане 30-та членка на Северноатлантската алијанса.

Премиерот Зоран Заев вчера оцени дека имаме добри шанси на 3 или 4 декември годинава да добиеме одлука за полноправно членство во најмоќниот безбедносен сојуз на светот.

Тој искажа благодарност до Турција и Чешка за ратификацијата на Протоколот за членство и изрази уверување дека до крајот на следната недела се очекува Велика Британија да информира оти ја завршила ратификацијата, како и дека тоа ќе го стори и Шпанија наскоро, откако ќе се формира Влада и парламентарно мнозинство, со што Парламентот во Мадрид ќе може да гласа за Протоколот.

„Веќе сме со ратификуван договор од 21 земја. Тоа се за нас добри пораки заради тоа што во последните пет-шест месеци ратификацијата се движи со повеќе од посакуваното темпо. Остануваат уште осум земји, верувам дека оваа или до крајот на следната недела Британија ќе не информира дека е истечен рокот од 21 ден и таму ратификацијата е завршена, со што ќе бидат 22. Се надеваме дека Шпанија бргу ќе формира влада и парламентарно мнозинство за да може да гласа, а другите земји
веќе не информираа за процедурите и протоколите“, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при вчерашната посета на археолошкиот локалитет Стоби.

Заев додаде дека министерот за надворешни работи Никола Димитров во скоро време ќе информира за процедурите и постапките во останатите држави каде што се очекува да се случи ратификацијата и оцени дека имаме добри шанси на 3 или 4 декември да добиеме одлука за полноправно членство за НАТО.

актуелно НАТО ратификации
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.