Остар пад на продажбата на автомобили во Словенија

LinkSense.mk

Во октомври во Словенија првпат се регистрирани 3.944 патнички и лесни комерцијални возила, што е за 19,85 отсто помалку во однос на октомври минатата година, кога за прв пат беа регистрирани 4.921 возило.

За десет месеци продажбата на нови патнички и лесни комерцијални возила е намалена за 16,58 отсто во однос на истиот период лани, продадени се 46.204 возила.

Словенечкиот пазар на автомобили на тој начин продолжува да бележи негативни бројки од година во година.

Во октомври првпат се регистрирани 3.433 патнички автомобили, што е за 18,67 отсто помалку од октомври минатата година. Регистрирани се 511 лесни комерцијални возила или за 27 отсто помалку во однос на истиот период лани, соопшти денеска Стопанската комора на Словенија.

Во Словенија годинава првпат се регистрирани вкупно 1.843 целосно електрични возила. Најмногу во последните десет месеци се продавале моделите „У“ на „тесла“ (202), „ениаг“ на „шкода“ (159) и „твинго“ на „рено“ (135).

Од јануари до крајот на октомври првпат се регистрирани 40.191 патнички автомобил, што е за 15,04 отсто помалку во однос на истиот период лани. Во меѓувреме, бројот на лесни комерцијални возила регистрирани за прв пат е намален за 25,60 отсто на 6.013.

Од патничките автомобили, во октомври најмногу се регистрирани возила на „фолксваген“ (500), потоа следат „шкода“ (446), „пежо“ (264), „хјундаи“ (261) и „киа“ (239).

Меѓу моделите најмногу се продадени „шкода октавие“ (187), „киа спортаж“ (93) и „рено каптурс“ и „фолксваген т-крос“ (по 86).

Меѓу марките на лесни комерцијални возила, во октомври на врвот беа „форд“ (99), „фолксваген“ (80) и „фијат“ (77). Најпопуларните модели беа „пежо-боксер“ (59), „форд-транзит“ (53) и „фијат-дукато“ (37).

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ен-Би-Си)