Остра реакција на Северна Кореја кон Вашингтон и Сеул

LinkSense.mk

Северна Кореја истрела две ракети од краток домет во текот на викендот, тврдат неименувани американски официјални лица.

Официјален Вашингтон забележува дека Северна Кореја ги истрелала ракетите откако ја осудила одлуката на САД да ги продолжи зардничките воени вежби со Јужна Кореја.

Пентагон одбива да ги коментира овие наводи, пренесува Ројтерс.

Ова се први ракетни тестови кои Северна Кореја ги извела во време на администрацијата на Џо Бајден.