Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Осум до 10 отсто од популацијата има одреден степен на хронична бубрежна болест
Градови

Осум до 10 отсто од популацијата има одреден степен на хронична бубрежна болест

март 9, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се смета дека осум до 10 отсто од општата популација има одреден степен на хронична бубрежна болест. Во раните стадиуми, болеста е без симптоми, се случува тивко и пациентите воопшто не знаат дека ја имаат. Лекарите препорачуваат редовни превентивни прегледи со кои може да се открие болеста уште во раните стадиуми и со тоа да се спречи нејзината прогресија.

„Најчестите причини за оваа болест се покачен крвен притисок – артериска хипертензија и дијабет. Со нивно навремено и правилно лекување, ќе спречиме развој на хронична бубрежна болест, вели директорката на Клиниката за нефрологија Ирена Рамбабова Бушљетиќ во изјава за МИА.

 

Во нашата држава, бројот на пациенти кои имаат потреба од хроничен хемодијализен третман се движи помеѓу 1.300 до 1.600 лица.

-Статистичките податоци од 2021 година укажуваат дека кај нас има околу 1.390 пациенти на хемодијализа, вели Рамбабова-Бушљетиќ.

Четириесет и девет пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од корона вирусот што е за околу пет проценти повеќе во споредба со морталитетот што е забележан на годишно ниво кај

Освен на Клиниката за нефрологија каде секојдневно се третираат пациенти кои одат на дијализа, хемодијализен третман се врши и во уште неколку центри за дијализа низ државава како што се Диаверум, Нефроплус и Диамес, Заводот за нефрологија во Струга, а центар за дијализа има и во Градската општа болница „8 Септември“.

За трансплантација чекаат од 130 до 160 пациенти

Листата за чекање за трансплантација на бубрег се движи од 130 до 160 пациенти, но оваа бројка, како што нагласува директорката на Клиниката за нефрологија, е променлива бидејќи постојано се врши обновување на испитувањата на потенцијалните приматели на бубрег.

Досега во земјава извршени се трансплантации кај 250 пациенти, а најголем број вакви интервенции од починат донор извршени се во 2021 година.

Дваесет и седумгодишен пациент на дијализа доби бубрег од починатата девојка чие семејство ги донираше органите. Министерството за здравство попладнево соопшти дека во тек е и втората трансплантација.

Значајно е дека 2021 е година со најголем број на изведени трансплантации од починат дарител (16), во услови на функционирање на здравствениот систем во ковид – пандемија. Во периодот од 2020 до 2022 година, направени се вкупно 62 трансплантации на бубрег. Од вкупниот број, 30 се бубрези добиени од починат дарител, појаснува Рамбабова Бушљетиќ за МИА.

Во март традиционално одбележување на Светскиот ден на бубрегот

Од 2006 година традиционално секоја година во вториот четврток од март се одбележува Светскиот ден на бубрегот под различно мото со цел да се нагласат најзначајните проблеми со кои се соочуваат пациентите со бубрежни заболувања, но и да се разговара за превенцијата. Годинашното мото е „Здрави бубрези за сите. Да го очекуваме неочекуваното – да ги заштитиме најранливите!“.

Во рамки на денешното одбележување на Светскиот ден на бубрегот најавени се настани во организација на Клиниката за нефрологија во Скопје и на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

 

болест бубрежна популација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Времето променливо и облачно со локален дожд

октомври 26, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.