Осум жени убиени во пукање во салони за масажа во САД, осомничениот е уапсен

Најмалку осум лица се убиени во три престрелки во југоисточниот дел на САД. Пукањето се случило вчера во салони за масажа во градот Атланта и околината, јавуваат американските медиуми.

Осомничениот е уапсен. Неговото име е Роберт Арон Лонг и има 21 година.

Првото пукање, во кое биле убиени четири лица, а биле ранети две, се случило попладнето во салон за масажа на околу педесет километри од Атланта, најголемиот град во сојузната држава Џорџија, пренесува Си-Ен-Ен.

Набргу потоа, во уште две пукања во Атланта, исто така, биле убиени четири лица во два салони за масажа.

Жртви на двете пукања се жени, наводно со азиско потекло.