Отава прогласи вонредна состојба: Протестите на камионџиите излегоа од контрола

LinkSense.mk

„Камионџиите и нивните поддржувачи го зазедоа центарот на Отава“, изјави денеска градоначалникот Џим Вотсон на радиото Њусталк, жалејќи се дека демонстрантите се бројчано понадмоќни од полицијата.

Тој побара федералната влада да помогне во задушувањето на протестите.

Ситуацијата во овој момент е целосно надвор од контрола, бидејќи поединци кои протестираат повикуваат на акција“, рече Вотсон.

Тие имаат многу повеќе луѓе отколку ние полицајци и му посочив на началникот на тоа дека мораме да бидеме многу поумешни кога се во прашање овие активности.

Вотсон ја замоли федералната влада „да седне и да има некаков вид дискусија, некаков вид посредување за да се реши оваа ситуација бидејќи таа сега се шири низ целата земја“.

 

 

 

 

 

(Фото: Танјуг)