„Отворен Балкан“ е новото име на досегашната регионална иницијатива „Мал Шенген“

„Отворен Балкан“ – вака отсега ќе се нарекува регионалната иницијатива што досега беше неформално нарекувана „Мал шенген“.

Ова беше соопштено на денешниот Регионален економски форум на кој присуствуваат премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, српскиот претседател Алксандар Вучиќ, претседатели на стопанските комопри од регионот, како и претставници на преку 300 компании.

Како што истакнаа Заев, Рама и Вучиќ, со „Отворен Балкан“ почнува нова ера на соработка во регионот која ќе покаже дека земјите од овој дел на Европа се способни да одлучуваат сами за себе.

Заев, Рама и Вучиќ во рамки на Форумот потпишаа и Договор за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан, Меморандум за разбирање за олеснување увоз, извоз и движење на стоки во Западен Балкан.