Со отворањето на Македонскиот изложбено-трговски дом во деловниот центар, сопственост на рускиот агро-кластер „Фуд сити“, во Москва од денеска македонските компании имаат можност за пласман на производите на рускиот пазар.
Македонскиот павилјон ќе биде целосно во функција на зголемување на пласманот на македонските производи на рускиот пазар и ќе им нуди комерцијална, правна, царинска и секаква друга помош на компаниите.

Првите десет македонски компании кои се сместени во „Фуд сити“ се „Тиквеш“, „Здравје Радово“, „Далвина“, „Попова кула“, „Вори“, „Агромакс“ и „Гранд фуд корпоратион“, „Кадино“, „Горска“, „Свислион“.
Македонскиот изложбено-трговски дом е отворен и за останатите македонски компании кои се заинтересирани за пласман на своите производи на рускиот пазар.
Со отворањето на овој постојан претставнички центар на македонското стопанство во Руската Федерација се смета ќе се зголеми пласманот на македонските производи на рускиот пазар.







