Откажани летови и отежнат сообраќај поради магла

Поради густата магла утринава на скопскиот аеродром се откажани дел од планираните полетувања, а немаше ниту едно слетување.

Откажани се полетувањата за Виена, Загреб и Истанбул, а со задоцнување се реализирани полетувањата за Дортмунд и Брисел.

Засега нема слетувања, односно откажано е слетувањето на утринскиот лет од Истанбул, а авионите на „Австрија ерлајнс“ и „Луфтханза“ беа вратени назад.

На патиштата сообраќајот се одвива тековно во зимски услови по наместа влажни коловози.

Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Велес-Штип и Струмица-Ново Село.

Видливост од околу 100 метри има во Куманово, Штип, Сарамзалино Кочани и Демир Капија.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, на граничните премини, освен на Богородица, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.