Откажани фестивалите „Skopje sounds good“ и „Skopje calling“

Фестивалите „Skopje sounds good“ и „Skopje calling“ се откажани поради прогласувањето тридневна жалост по пожарот во Тетово во кој загинаа 14 лица.

„Би сакале да им изразиме најдлабоко сочувство на семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија што се случи синоќа во Тетово. Сите што имаат купено влезници за овие настани, можат да направат рефундација на средствата во рок од наредните пет работни дена, почнувајќи од понеделник (13 септември) до петок (17 септември),
соопшти Авалон продукција.

Фестивалот „Skopje sounds good“, како што посочуваат, требаше да се одржи денеска, а „Skopje calling“ во петок и во сабота.