Откриена нова варијанта на коронавирус во Јужна Африка предизвика загриженост

LinkSense.mk

Во Јужна Африка се откриени првите 22 случаи на новата варијанта, Б. 1.1.529, соопшти вчера четвртокот Националниот институт за заразни болести (NICD).

Се очекуваат дополнителни случаи бидејќи геномската анализа продолжува, соопшти НИЦД.

– Иако податоците се ограничени, нашите експерти работат прекувремено со сите воспоставени системи за надзор за да ја разберат новата варијанта и кои би можеле да бидат потенцијалните импликации, рече шефот на НИЦД Адријан Пурен.

Министерот за здравство Џо Фала рече дека новата варијанта ја потврдува непредвидливата природа на коронавирусот.

Тој ги повика Јужноафриканците да одржуваат физичко растојание и да носат маски. Вакцинациите се исто така критична заштитна алатка, рече тој.

 

 

ФОТО: МИА