Државниот инспекторат на Република Хрватска денеска ги извести потрошувачите за повлекување од продажба на „Солевита Смути“ (Solevita, Smoothie), од 250 мл, од шипки и акаи, EAN 4304493262737, чиј рок на употреба е до 12.03.2024 година и 13.03.2024 година, поради зголемена содржина на отровниот хемиски елемент микотоксин – патулин во производот.
Напитокот не е во склад со Регулативата на Комисијата на Европската унија 2023/915 од 25 април 2023 година, за максимално дозволените количини на одредени загадувачи во храната.
Добавувач на производот е германската компанија „Молкереи Групер ГМБХ“ (Molkerei Gropper GmbH & Co., Bissingen), а дистрибутер за Хрватска е „Лидл“.
Деталите за повлекувањето беа достапни на интернет страницата на „Лидл“, но само кусо време. Неколку минути подоцна страницата на деловниот субјект со храна со информациите за присуството на токсичниот хемиски елемент во „Солевита“ стана нефункционална.