Отфрлена кривичната пријава против Панчевски

Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава против претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски.

Обвинителството постапувајќи по пријавата против Панчевски со која се товари дека сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание, веднаш оформило предмет и прибавило докази за утврдување на наводите во пријавата.

„По сеопфатно проучување на прибраните материјали обвинителството утврди дека пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност, по што пријавата ја отфрли“, се вели во соопштението на Основното обвинитетсво.

Покрај материјалните докази, списи по истражниот предмет и доставеното писмено укажување, во својство на осомничен бил сослушан и претседателот на Основниот суд.