Отфрлени дублерите на Бранко Јаневски

Државната изборна комисија ги отфрли кандидатските листи поднесени од Социјадемократската партија на Македонија на кои имаше носители со имиња и презимиња слични или исти како носителите од СДСМ.

Сите девет членови гласаа листите да не бидат прифатени.

Комисијата констатираше голем број нерегуларности кај листите поднесени од СДПМ.

Во шесте листи не биле наведени датуми за кои избори се однесуваат кандидатурите, потписите на кандидатите во изјавите и во личните карти не се совпаѓале и кандидат предложен за една изборна единица во изјавата стоел во друга изборна единица.

Членот на ДИК, Игор Милев, побара да биде покрената кривична пријава против Бранко Јаневски.