Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОЈО: Ќе се истражува кој помогнал во бегството на Војминовски
Истраги

ОЈО: Ќе се истражува кој помогнал во бегството на Војминовски

јануари 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јавното обвинителството би се вклучило со кривичен прогон против лица кои евентуално му овозможиле бегство на обвинетиот Никола Војминовски, осуден за нападот врз пратеникот Зијадин Села, доколку МВР, кој е надлежен орган за контрола и надзор на мерката куќен притвор, обезбеди релевантни докази што би укажале на извршено кривично дело кое се гони по службена должност.

-Со пресуда на Основниот суд Скопје 1, која се однесува на обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, за виновни беа огласени седум обвинети лица кои добија затворски казни. Во текот на кривичната постапка, присуството на сите обвинети лица од нивното лишување од слобода беше обезбедено со мерка притвор, меѓу кои и на обвинетото лице кое сега е во бегство. За ова лице, одбраната во текот на главната расправа поднесе предлог за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка куќен притвор или мерки на претпазливост, а притоа како аргумент ја наведе влошената здравствена состојба предизвикана од кардиоваскуларни проблеми на обвинетиот. Кривичниот совет на Судот го прифати овој предлог и на лицето му определи мерка куќен притвор на почетокот на мај 2018 година. Судот ја прифати наведената причина од страна на одбраната во која и јавноста неспорно можеше да се увери кога на 18 април 2018 година обвинетиот колабираше на едно од рочиштата и интервенираше итната медицинска помош. Сведочењето на обвинетиот во друг судски процес нема никаква поврзаност со замената на мерката притвор во куќен притвор, стои во соопштението од ЈОРМ.

Оттаму посочуваат дека по завршување на главната расправа и објавата на затворските казни, надлежниот јавен обвинител предложил ваквата мерка да продолжи до правосилност на пресудата, а поради тоа што состојбата заради која мерката куќен притвор била определена сé уште постоела.

„Откако од Министерството за внатрешни работи беше утврдено дека обвинетиот ја нарушил мерката куќен притвор, надлежниот јавен обвинител беше усно известен. МВР од него доби задолжение писмено да биде известен Судот, со оглед на тоа што, согласно Законот за кривична постапка, во оваа фаза Судот е надлежен за следење на мерките за обезбедување на  присуството. Доколку МВР, кој е надлежен орган за контрола и надзор на мерката куќен притвор, обезбеди релевантни докази кои би укажале на извршено кривично дело кое се гони по службена должност, Обвинителството би се вклучило со кривичен прогон против лица кои евентуално му овозможиле бегство на обвинетиот, посочуваат во соопштението од Обвинителството.

Инаку, во овој предмет, пет лица и натаму се во притвор до правосилност на пресудата, а уште едно лице е во куќен притвор, кој исто така беше променет пред објавата на пресудата. И во овој случај станува збор за обвинет со сериозна здравствена состојба, кој на 06.06.2018 година, за време на главната расправа, падна во бессознание и од страна на итната медицинска помош му беше измерен висок крвен притисок кој надминувал 240/190 mmHg.

Во целиот тек на постапката, од замената на мерката притвор во куќен притвор до донесување и објава на пресудата, до надлежниот јавен обвинител не беа доставени никакви податоци или информации за евентуално бегство на обвинетиот по кого сега е распишана потерница, ниту такви податоци постојат за другиот обвинет кој се наоѓа во куќен притвор.

актуелно бегство истрага ОЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.