Пад на цената на гасот во Европа

LinkSense.mk

Цената на гасот на берзанското тргување вчера падна под илјада долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците на берзата ИЦЕ.

Цената на декемвриските фјучерси во TTF центарот во Холандија падна на 993 долари за 1.000 кубни метри, или 85 евра за мегават-час, врз основа на тековниот курс евро/долар.

Вкупниот пад на гасот во Европа на берзата ИЦЕ во текот на вчерашниот ден изнесуваше 2,4 отсто.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)