Земјотрес со јачина од 3 степени според Европската макросеизмичка скала регистриран е вечерва во 18 часот и 4 минути.
Епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Ова е втор земјотрес регистиран денеска.
Претходно, во 16 часот и 28 минути, исто така во Скопското епицентрално подрачје беше регистриран земјотрес од 1.9 Рихтерова локална магнитуда.
Земјотресите се регистрирани од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија.