Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Палмер: САД се заедно со своите партнери и сојузници во борбата со Ковид-19
Политика

Палмер: САД се заедно со своите партнери и сојузници во борбата со Ковид-19

април 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Кризата со Ковид 19 е трансгранично прашање и приоритет за секоја влада на планетата. САД активно работат заедно со земјите од Западен Балкан, како и со партнерите во Европа за да помогнеме во глобалниот одговор на актуелната глобална закана“, истакна американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер на он-лајн видео конференција „Дипломатија во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во доба на КОВИД-19“ што ја органзираа Економскиот форум во Делфи и Атлантскиот совет, на која учествува и шефот на дипломатијата на Северна Македонија, Никола Димитров.

„САД веднаш издвоија значителни средства за помош низ целиот свет. Дел од средствата се директна помош за земјите од Западен Балкан, а дел одат преку меѓународните институции за борба со пандемијата. САД се најголем поединечен контрибутор во меѓународните институции, вклучувајќи го системот на ОН, како и во Светска банка, ММФ, ЕБОР кои сега преземаат мерки за помош и поддршка на економиите во кризата од пандемијата. Подршка стигнува и од американските граѓани и компании како Кока Кола, Микрософт, ИБМ“, рече Палмер, посочувајќи оти Гугл помогнал за креирање на информативен сајт за Ковид-19 во Северна Македонија.

Таа подршка, вели Палмер, е двонасочна – и земјите од регионот и помагаат на САД. Со заедничка соработка и солидарност беше направена репатријација на граѓаните затекнати во други земји.

„Тоа е манифестација на партнерство и солидарност. САД се во регионот и во Европа и стојат рамо до рамо со своите партнери и сојузници и активно работат за заеднички одговор на актуелниот предизвик со пандемијата на Ковид-19“, истакна Палмер.

Александрос Диакопулос, советник за национална безбедност во кабинетот на премиерот на Грција, на онлајн дебатата посочи дека неговата земја досега успешно се справува со коронавирусот, а генерално таква е сликата и за целиот Балкан.

„Земјите од Балканот направија добра работа. Тоа е добро за регионот, зашто после многу години можеме да бидеме пример за останатите како реагиравме за пандемијата“, рече Диакопулос.

Во однос на безедносоната ситуација, тој смета дека покрај индивидуалните напори на секоја земја, потребна е поширока меѓусебна соработка.

Главниот збор во тоа, според него, треба да го имаат САД, кои треба да бидат фолусирани на регионот и Европа.

„Верувам дека треба да се засили соработката, наспроти конфронтацијата. Потребна е поголема соработка во регионот, меѓу земјите, поголема трансатлантска соработка и соработка со ЕУ. САД треба да ја предводат таа соработка, да не го напуштаат регионот, Европа и трансатлантските вредности со цел успешно да се справиме со проблемите кои ни претстојат зашто ќе се соочиме со многу тешки економски времиња во блиска иднина. Земјите сами не можат да се справат и тоа треба секому да му биде јасно“, рече Диакопулос.

актуелно Ковид-19 палмер САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.