Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Палмер: Северна Македонија е добар пример за Белград и Приштина
Македонија

Палмер: Северна Македонија е добар пример за Белград и Приштина

мај 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик помошникот на американскиот државен секретар, Метју Палмер изјави дека Белгард и Приштина во решавањето на косовскиот проблем може да се послужат со примерот на Северна Македонија.

Палмер во интервју за Радио Слободна Европа-БиХ, одговарајќи на прашањето за безбедоносните ризици во регионот и улогата на САД во нивното смирување, кажа дека Вашингтон е посветен на своето партнерство и дека постојат спротивставени ставови во регионот, но и дека се остварени значајни успеси.

-Како еден навистина добар пример за ова, би укажал на Преспанскиот договор, постигнат меѓу Северна Македонија и Грција. Она што го покажа Преспанскиот договор е колку е важно лидерството. Меѓународната заедница тоа не го стори сама. Ние тоа го поддржавме. Ова го постигнаа премиерите и Ципрас и министрите за надворешни работи на двете земји, и двете страни презедоа значителен политички ризик. Изнајдоа компромис и успеаа. И со тоа го отворија патот кон европската иднина за Северна Македонија, десетици членови на Алијансата веќе го ратификуваа договорот за пристап на земјата, изјави Палмер.

Тој изрази надеж дека Европскиот совет ќе донесе одлука да ги отвори преговорите со Северна Македонија.

-Навистина требаше многу храброст да се постигне овој договор, но таа храброст сега се исплаќа. Се надевам дека лидерите од Белград и Приштина ќе извлечат поуки од овој пример и дека ќе тргнат по патот на компромис и изнаоѓање на добро решение, порача Метју Палмер.

Тој истата порака ја испрати и до лидерите во БиХ, да преземат одговорност и да бидат подготвени за компромис, но и на ризик, сами ги решат проблемите.

-Ние не можеме тоа да го направиме наместо нив. Ова е лекција што ја научивме од потпишувањето на Преспанскиот договор и сметаме дека навистина може да се примени во целиот регион, рече Палмер.

На прашањето за се поголемото влијание на Русија и на Кина во регионот, Метју Палмер изјави дека регионот е еден од приоритетите на САД и така и ќе остане.

-Затоа, ние ќе продолжиме посветено да работиме на иднината на овој регион. Мислам дека визијата на САД и на ЕУ за овој регион е различна од визијата на Русија. Ние сакаме да видиме регион кој функционира според правилата, принципите, кој функционира во согласност со институциите и транспарентно. Русија, од друга страна, можеби повеќе сака да го види регионот поделен, фракциониран, во кој владеат тензии. За среќа, визијата што ја делат САД и Европската унија е иста како и визијата на самите земји од Западен Балкан, кои сакаат успех и напредок. Но, се разбира, Русите ќе продолжат со своето делување како и досега, и со нивното негативно влијание, што имавме можност да го видиме кога станува збор за Преспанскиот договор, изјави Палмер.

За да можеме да сме сигурни дека земјите од Западниот Балкан можат да се спротивстават на овоа малигно влијание однадвор, ние мора да осигураме дека нивните институции се функционални, одговорни, транспарентни и добро управувани, констатираше Метју Палмер.

актуелно Белград палмер пример приштина северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.