Пандемијата со корона попушта во Северна и Јужна Америка

LinkSense.mk

Паѓа бројот на заразени и смртни случаи од корона вирус во Северна и Јужна Америка веќе осма недела по ред, објави Панамериканската здравствена организација и предупреди дека високиот процент на хоспитализираните отпаѓа на невакцинираните лица.

Во Северна Америка сите земји известуваат за намален број на заразени и починати на неделно ниво, а забележен е и значителен пад на хоспитализираните во Соединетите Американски Држави и Канада, наведуваат од организацијата. Слична е состојбата и во Јужна и Средна Америка.

Регионалниот здравствен огранок на Светската здравствена организација објави дека потполно се вакцинирани 46 отсто од жителите на Латинска Америка и Карибите, а повеќето земји веќе ја достигнаа целта на СЗО за вакцинирање на 40 отсто од населението до крајот на годината.

Нееднаквоста на вакцините останува најголема препрека за постигнување на нашите цели на покриеност“, рече на брифинг Харбас Барбоса, помошник на директорот на Панамериканската здравствена организација.

Со оглед на ограничената количина на вакцините, Барбоса ги повика властите приоритетни групи за вакцинирање да бидат постарите лица, работниците на првата линија и лицата со пропратни болести, за да се заштитат и да се спречи колапс на здравствените системи.

Панамериканската здравствена организација препорачува бустер дози за вакцини за имунокомпромитирани лица, вклучувајќи ги панциентите со тумори, ХИВ, пациентите на кортикостероиди и приматели на органи. Бустер дози, според организацијата, треба да примат и лицата над 60 години кои се вакцинирани и ревакцинирани со кинеските вакцини Синовак Бионтек и Синофарм.