Пандориините документи за премиерот Бабиш ја срушија чешката влада

LinkSense.mk

Дводневните парламентарни избори во Чешка почнуваат денеска, а избирачките места се отвараат во 14 часот. Повеќе од осум милиони луѓе со право на глас можат да гласаат до утре, додека не се затворат избирачките места.

Според испитувањата на јавното мислење, се очекува победа на сегашниот премиер Андреј Бабиш, но неговата изборна кампања е засенета со финансиски скандал.

После извештаите за фирми откриени во таканаречените „Пандориини документи“, шеесет и седумгодишниот Бабиш негираше каква било поврзаност во нелегални работи и дека сторил што било незаконско. Мултимилијардерот е на чело на популистичката партија АНО.

Објавените документи покажуваат дека Бабиш отворил инвестициска оф-шор компанија преку која го купил дворецот Бигауд, на југот на Франција, за 22 милиони долари, што не го пријавил. Голем дел од опозицијата формираше два изборни сојуза: конзервативен спој на Чешка партија и Партијата на градоначалници.

За освојување се слободни 200 места во Претставничкиот дом, важен долен дом од Парламентот.

Истовремено, Чешка ја утврдува политичката насока за претседавање со Советот на Европската унија, кое таа земја би требало да го превземе во втората половина од 2022 година.

Во Чешка изборите традиционално се одржуваат два дена затоа што многу луѓе викендот го поминуваат во природа.

Гласањето се одвива во денови со се поголема загриженост за здравјето на преетседателот Милош Земан.

Претседателот има важна улога после парламентарните избори затоа што го дава мандатот за составување на влада, традиционално на лидерот на најголемата парламентарна партија.

Според зборовите на експертите за уставно право, ако претседателот тое не е во состојба да го стори, задачата ја превзема претседателот на Претставничкиот дом.