Папата именуваше пет нови кардинали

Папата Фрањо именуваше пет нови кардинали за Лаос, Мали, Шведска, Шпанија и Ел Савадор.

Кардиналите формално ќе бидат прогласени на церемонија во Ватикан на 28 јуни.

Кардинали се Жан Зербо, надбискуп на Бамак во Мали, Хуан Хосе Омеља, надбискуп на Барселона во Шпанија, Андерс Арборелиус, бискупот на Стокхолм во Шведска, монсињор Луј-Мари Линг Мангханехум, апостолски викар на Паксе во Лаос и помошниот бискуп Грегорио Роса Чавез во Ел Салвадор.