Папа Фрањо: „Време е да дејствуваме заедно“

LinkSense.mk

„Време е да дејствуваме, да дејствуваме заедно против климатските промени, пандемијата со ковид-19, сиромаштвото“, предупредува Папата Фрањо во текстот објавен вчера во италијанскиот дневен весник „Кориере дела Сера“.

Станува збор за предговор кој Папата Фрањо го напиша за книгата која ќе биде во продажба од средината на ноември.

Објавата на пораката на Папата е прилагодена на денот на почетокот на меѓународната конференција за климата ЦОП26 во Глазгов и на денот кога завршуваше самитот на групата индустриски најразвиени економии на светот Г20, која требаше да донесе завршна декларација за климатските промени.

Папата во предговорот изразува противење на „еколошката криза“ и на „општествената криза“ кои се смртоносни заради санитарната криза и оценува дека тие кризи се воедно и „можности, прилики да ги признаеме грешките и да извлечеме поуки од тие грешки направени во минатото“.

„Време е повторно да размислиме за нашите приоритети… одново да ја испланираме нашата иднина. Време е да дејствуваме, да дејствуваме заедно, време е“, заклучува поглаварот на 1,3 милијарди католици во светот.

(Фото: ЕПА)