Цените на златото вчера пораснаа, откако фјучерсите на благородниот метал достигнаа нови рекорди во претходните две сесии – а аналитичарите сметаат дека јакнењето ќе трае најмалку до втората половина од годината.
Договорот за злато за април во понеделникот за прв пат се затвори над 2.100 долари за унца, порасна за 0,37%, на 2.134,2 долари во 13.15 часот во Лондон.
Аналитичарите забележуваат дека во реални услови, приспособено на инфлацијата, златото е далеку под минатите врвови.
Во белешката во понеделникот, аналитичарите на „Сити“ наведоа дека постојат само 25 отсто веројатност оти златото во просек ќе достигне рекордни 2.300 долари за унца во втората половина од годинава.
Нивното основно сценарио останува на 2.150 американски долари, а го повторија повикот за „џокер“, за трговијата да достигне 3.000 долари во следните 12 до 16 месеци.
„Сити“ го опишува златото како развиена пазарна „заштита од рецесија“ и се повеќе гледа ветар во грб заради неизвесноста околу изборите во САД во ноември.
И аналитичарите „Беренберг“ во понеделникот забележаа дека победата на Доналд Трамп на изборите ќе пружи „голема позитива за златото“, со дополнителна поддршка за сигурно засолниште во услови на нестабилност околу тековните војни во Украина и Газа.
Како резултат на тоа, гледаат замаф на акциите поврзани со златото, за кои велат дека неодамна се „одвоиле од темелната стока“, и покрај неодамнешните речиси рекордни цени.
„Ова во голема мера е резултат на подобриот економски учинок на САД од очекуваниот, како и на упорниот непријателски став на американската централна банка кон монетарната политика“, велат тие.
Повисоките каматни стапки генерално се поврзани со падот на златото, бидејќи средствата со повисоки приноси стануваат се поатрактивни, со неодамнешниот раст на цените, од крајот на 2023 година до последниве денови, поттикнат од очекувањата за намалување на стапката од страна на Федералните резерви.
Од друга страна, златото често се гледа како безбедно „засолниште“ во време на економски стрес.
Средствата што не даваат принос, исто така, се сметаат за солиден влог кога приносите се потиснати од агресивната монетарна политика – како што се намалувањата на стапките и стимулацијата.
Добивките за златото во последните две сесии беа поврзани со поцврсти облози за јунското намалување од страна на ФЕД.
Пазарните цени покажуваат 55% шанси за намалување од 25 базични поени во јуни, според алатката „ФЕДВоч“.