Пендаровски: Америка ни е и пријател и сојузник, и стратешки партнер

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку својот Фејсбук профил испрати честитки по повод денот на независноста на САД.

Тој ја искористи приликата да порача дека РСМ во САД гледа, пријател, сојузник и стратешки партнер.

„Со желби за благосостојба и просперитет, на претседателот Џо Бајден и на пријателскиот американски народ им го честитам 4-јули – Денот на независноста. Во САД освен пријател и сојузник, гледаме и стратешки партнер којшто секогаш ја поддржувал нашата демократија“, напиша Пендаровски.