Пендаровски: Да не се занимаваме со изјави од Бугарија додека не се конституира власта во таа земја

LinkSense.mk

Додека во Бугарија не се конституира парламент не би требало да се занимаваме со изјави кои доаѓаат од луѓе кои во тој момент сѐ уште се кандидати на изборите, ијзави шефот на државата, Стево Пендаровски на заедничката прес конференција со Анджеј Дуда.

„Станува збор за изјави од која било страна на доаѓаат. Дали од техничкиот министер за надворешни работи или од кандидатите на претседателските избори или пак, од оние кои треба да ја формираат идната влада, а не знаеме дали ќе ја формираат.

Тоа се изјави од луѓе кои или немаат целосен политички легитимитет или станува збор за кандидати кои допрва треба да бидат членови на владата или да формираат органи на власта во Софија“, рече Пендаровски.