Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој, од денеска до петок, 20 јануари, се одржува во Давос, Швајцарија.
Предвидено е претседателот Пендаровски утринава да говори на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започнува во 8.30 часот, а на која ќе говорат и претседателите на Полска, Анджеј Дуда, и на Литванија, Гитанас Науседа, министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија, Хозе Мануел Алваерез Буено, и лидерка на Демократските сили на Белорусија, Светлана Тихановскаја.
Во рамки на форумот во Давос, претседателот Пендаровски ќе учествува и на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, а ќе има и повеќе билатерални средби со учесници на форумот.
Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е насловен „Соработка во фрагментиран свет“, а на него учествуваат лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество кои ќе дебатираат за состојбата во светот и за приоритетите за годината што претстои.
Сесијата „Во одбрана на Европа“ можете во живо да се проследи на: https://www.weforum.org/event_player/a0P68000000ZvnvEAC/sessions/a0W68000007EnWyEAK?locale=en&lang=English&theme=light







