Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Филозофскиот факултет е чувар на традицијата, задолжен за трансферот на нашиот културен и историски идентитет
Во Фокусот

Пендаровски: Филозофскиот факултет е чувар на традицијата, задолжен за трансферот на нашиот културен и историски идентитет

септември 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Формиран во далечната 1920-та година, Филозофскиот факултет е јадрото на македонското високо образование.

Околу тоа јадро подоцна беше оформен нашиот најстар државен универзитет, „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и беа поставени темелите
на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

Со Факултетот се поврзуваат големите имиња на македонската наука–Блаже Конески, Михаил Петрушевски, Харалампие Поленаковиќ, Ѓорѓи
Шоптрајанов, Љубен Лапе, Јован Трифуновски, Ѓорѓи Страделов, Павао–Вук Павловиќ и многу други.

Речиси нема наставно-образовна и научно-истражувачка дејност во хуманистичките, општествените и историските науки во која Филозофскиот факултет нема дадено свој значаен придонес.

Тоа денеска го истакна претседателот Стево Пендаровски во Струга пред присутните на меѓународната научна конференција организирана по повод јубилејот на високообразовната установа.

Тој истакна дека Филозофскиот факултет е чуварот на традицијата, што
преку историјата, класичните студии, историјата на уметноста и археологијата, се за трансферот на значаен дел од културниот и историскиот идентитет на сегашните и идните генерации.

„Преку филозофијата, педагогијата, социологијата и психологијата, факултетот учествува и во создавањето на одговорни и партиципативни академски граѓани. Во текот на овие 100 години илјадници студенти имаа можност да се запознаат со широк спектар на идеи и концепти, да учествуваат во дебати за важни општествени теми, вклучително и за соживотот во мултиетнички и мултирелигиски контекст. Во аулите на
Филозофскиот факултет секоја генерација одново ги започнува фундаменталните расправи за човекот, неговото творештво и неговите
замисли за животот во заедница со другите. Преку социјалната работа и политика, дефектологијата, родовите студии и семејните студии, Факултетот придонесува кон градење на свеста за хумано и солидарно општество, за унапредување на семејството и грижата за ранливите категории“, рече претседателот.

Според него, секој оној што бил дел од македонското високо образование е истовремено и наследник на традицијата што започнува токму со Филозофскиот факултет во Скопје, а како што истакна „сите ние, директно или индиректно, сме интелектуални потомци на Филозофскиот факултет и оттаму денес сме горди на овој јубилеј“.

„Освен што е чувар на традицијата, Факултетот претставува и еден вид на инкубатор на идеите кои ќе ја обликуваат иднината. Филозофскиот факултет е дел од македонскиот, а со тоа и европскиот образовен простор во кој младите ги поттикнуваме да бараат нови и креативни одговори на старите прашања. Да ги продлабочуваат знаењата, да ги прошируваат хоризонтите. Наученото треба да биде во функција на развој на способноста на студентите самостојно да стекнуваат знаења, да откриваат, и на таков начин да придонесуваат кон личната среќа, но и кон општото добро“, рече тој.

За да продолжи успешно да ја исполнува таквата двојна улога на чување на автентичното и отворање кон новото, Пендаровски рече дека постојат неколку предуслови за кои е убеден дека луѓето од Филозофскиот факултет и знаат и активно работат на нивна имплементација.

„Првиот е гарантирање на човековата слобода на мисла и изразување и академската слобода на истражување. Ова е неопходно не само за
образовни и наставно-научни цели, туку и за развивање на јавен простор во кој граѓаните ќе можат слободно да поставуваат тешки прашања и да бараат искрени одговори. Ваквата потрага по вистината е специфика на секое слободно, праведно и просперитетно општеството. Второ, континуирано унапредување во образованието. Квалитетното образование е клуч за обезбедување на достоинствен живот на граѓаните. Успехот на нашата генерација ќе се оценува врз основа на тоа дали ќе успееме да обезбедиме европска иднина за нашите млади, тука во нивната земја. А тоа ќе го постигнеме само ако изградиме напредно општество втемелено врз знаење и одржлива економија втемелена врз новите технологии. Но, за да го постигнеме тоа, знаењето и иновативноста на природните, економските и техничките науки мора да бидат дополнети со мудроста и длабочината на увидот на хуманистичките и општествени науки“, рече претседателот.

Како што истакна, најголемите модерни предизвици бараат сестран, интердисциплинарен пристап, посочувајќи ја тука како пример актуелната пандемија на Ковид-19.

Според него, тој сериозен здравствен предизвик има своја етичка, економска, социјална, социолошка и безбедносна димензија.

„Во услови на пандемија се наметнуваат прашањата за животот и смртта, за страдањето и природното зло, за ефектите врз општеството и семејството, за квалитетот на образованието, за социјализацијата на младите, за грижата за ранливите. Карактерот и опфатот на оваа пандемија нужно бара интердисциплинарен пристап, а, Филозофскиот факултет и неговите институти можат да дадат свој научен придонес кон изнаоѓање на оддржливи решенија“, рече Пендаровски честитајќи го јубилејот на Филозофскиот факултет.

„Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“ е тематскиот наслов на конференцијата што наредните два дена ќе се одржува во Струга.

На свеченото отворање на собирот свои обраќања имаа уште и ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, претседателката на Организацискиот одбор Елизабета Димитрова и Верица Милеска-Стефановска од Комората за приватно обезбедување.

Академик Вера Битракова-Грозданова од МАНУ одржа почесно предавање „Ќиро Трухелка како професор на Филозофскиот факултет во Скопје во неговите почетоци“.

Во наредните два дена на конференцијата е предвидено да се одржат повеќе панелни и ЗУМ-сесии со излагања на учесниците од областа на општествените и хуманистичките науки.

актуелно пендаровски Филозофски факултет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.