„Претседателот Стево Пендаровски претпладнево ја почна дводневната официјална посета на Република Србија. Тој беше пречекан со највисоки државни и воени почести од српскиот претседател Александар Вучиќ пред Палатата Србија во Белград.
Двајцата претседатели остварија тет-а-тет средба, на која ги потврдија пријателските односи и меѓусебно разбирање меѓу Република Северна Македонија и Република Србија и ја потенцираа важноста и посветеноста на градењето, одржувањето и унапредување на меѓусебниот дијалог.
По средбата на двајцата претседатели, ќе се одржи и пленарен состанок меѓу делегациите на Република Северна Македонија и на Република Србија, по што ќе следува и заедничка пре-конференција на претседателите.
Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе се сретне и српската премиерка Ана Брнабиќ, со претседателката на Народното собрание, Маја Гојковиќ, како и со претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и стопанственици.
Пендаровски утре во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателската панел-дискусија „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.
ИЗВОР: МИА







