Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Петерле: Северна Македонија заслужува почеток на преговори
Македонија

Петерле: Северна Македонија заслужува почеток на преговори

април 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија, словенечкиот европратеник Алојз Петерле смета дека би било неправедно ако нашата земја не добие датум за преговори во јуни, но признава дека има земји
кои сакаат да бидеме во пакет со Албанија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Петерле е на мислење дека нашата земја ги има сите аргументи на своја страна за во јуни да добие позитивна одлука за почеток на преговорите.

„Мислам дека би било нефер, неправедно, непоштено, ако Северна Македонија не добие датум за почеток на преговорите и мислам дека не е добро што некои земји инсистираат на пакет со Албанија. Сметам дека Северна Македонија ги има сите аргументи на својата страна за да во јуни се започне со преговарањето. Тоа е почеток, а не крај на процесот, изјави Петерле.

Според Петрле изминатиов период е направено многу во земјата.

„Многу е направено, внатрешната ситуација е подобра, подобри се билатералните односи, многу се работи на реформите, владата и опозицијата соработуваат во суштинските елементи, така да мислам дека по овие долги години во чекалницата дојде времето да Северна Македонија премине во новата фаза на односите со Европската унија, изјави Петерле.

Запрашан дали земјите членки на ЕУ ќе ги послушаат препораките на европратениците за отворање на преговорите, Петерле вели дека е добро запознат со ситуацијата во некои од земјите членки и дека во наредните месеци може да се постигне напредок.

„Во мојата работа ќе се обидам да убедам некои од актерите дека ќе дојдеме до лоши последици, ако Северна Македонија сега не напредува, бидејќи оние кои не играат за Европа можат да ја искористат ваквата ситуација. Затоа треба да бидеме внимателни за последиците на одлуките во јуни. Јас сум оптимист и ќе работам на тоа да има позитивна одлука во јуни, вели Петерле.

Едно од оправдувањата за да не се брза со датум за преговори, посебно од страна на Франција и Холандија се идните европски избори на кои се почекува подем на евроскептиците. Сепак Петерле смета дека нашата земја и во идниот состав на ЕП ќе ја има поддршката на европратениците.

„Не знам колку мои колеги ќе бидат повторно избрани. Н,о мислам дека оваа атмосфера, оваа поддршка која овде секогаш беше јака, ќе остани и понатаму и дека Северна Македонија ќе може да смета на поддршката на европските парламентарци, нагласува Петерле.

актуелно петерле почеток преговори северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.