Петок, 23 oктомври, неработен ден за сите граѓани

По повод Денот на македонската револуционерна борба, петок, 23 oктомври, ќе биде неработен за сите граѓани на државата согласно Законот за празници, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита празникот – Денот на Македонската револуционерна борба.