Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состанок на Северноатлантскиот совет на Алијансата, на ниво министри за одбрана.
Во текот на денешниот ден, министерката ќе учествува на два состаноци во овој формат, посветени на основната цел на воениот сојуз, одбраната и одвраќањето, како и на учеството во мисии и операции на Алијансата, а ќе оствари и директни средби со повеќе нејзини колеги од земјите – членки.
Во седиштето на НАТО, Петровска во текот на вчерашниот ден учествуваше на состанокот на земјите – членки кои придонесуваат во т.н. „Зајакнато истурено присуство на Алијансата во Латвија“, како и на состанокот на Контакт – групата за Украина, а имаше и средба со португалската министерка за одбрана, Хелена Кареирас.







