Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Петровска: „Родовата рамноправност е во врвот на приоритетите на МО“
Македонија

Петровска: „Родовата рамноправност е во врвот на приоритетите на МО“

септември 16, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и Марк Ремилар, главниот програмски менаџер во Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – ДЦАФ, потпишаа Договор за соработка кој предвидува спроведување на родова самопроценка во одбраната, процес кој би ја унапредил родовата компонента во работењето на Министерството.

Оваа анализа ќе даде придонес во развојот на институционалната култура во обезбедувањето на еднакви можности за мажите и жените и ќе даде конкретни препораки во реализацијата на родовиот акциски план.

Министерката Петровска цврсто ја поддржа имплементацијата на проектот и порача дека Министерството и досега посветено работеше на прашања од родовата еднаквост и перспектива, при што во изминатиот период е направен голем прогрес, соопшти МО.

„Родовата перспектива е во врвот на приоритетите на Министерството. Ние цврсто веруваме дека секоја личност, секоја индивидуа е витален дел од одбраната и убедени сме дека ставањето фокус на родовата компонента е единствениот начин како можеме нашиот целосен потенцијал да го ставиме во функција на државата и на граѓаните“, искаткна Петровска.

Таа изрази задоволство што денеска се потпишува овој Договор за соработка, кој ќе даде дополнителен интензитет во заложбите за целосна родова рамноправност.

Ремилар се заблагодари за покажаниот ентузијазам за соработка на ова поле и за професионалноста и посветеноста кон родовата рамноправност.

„Со прифаќањето на оваа иницијатива, вие поставувате позитивен пример за сите институции од безбедносниот сектор. Родовата само-проценка е исчекор кон зацврстување на родово-сензитивна и родово респонзивна институционална култура“, рече Ремилар.

Проектот кој започнува денеска, а ќе трае до крајот на следната година, предвидува шест области во фазата на собирање на податоци и нивна анализа и тоа: ефективност на перформанси; закони, политики и планирање; односи со заедницата; одговорност и надзор; персонал; и институционална култура.

Министерството за одбрана во изминатиот период направи исчекор во поглед на интегрирањето на родовите политики во суштинските закони во одбраната, а донесено е и Упатство за заштита од вознемирување на работното место, кое е целосно усогласено со НАТО политиката за превенција и одговор на сексуална експлоатација и злоупотреба. Дополнително, беше изработен и Втор национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325, каде координативната улога ја има токму одбраната. Воспоставена е и родова структура, односно беше воведена позицијата офицер за еднакви можности во Армијата, а формирана е и мрежа од 36 родови претставници – 19 во Армијата и 17 во Министерството за одбрана. Овие родови претставници играат клучна улога во советувањето на раководниот и командниот кадар во оваа област и давањето помош во случај на вознемирување на работното место, се вели во соопштението од МО.

актуелно Договор одбрана Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.