Петровски: Амнестија не смее да има

LinkSense.mk

Филип Петровски од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за „Фокус“ вели дека политичките елити не смеат да имаат имунитет и законот мора да важи еднакво за сите, во однос на информациите кои ги пласираше премиерот Зоран Заев дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски барал амнестија за поранешното раководство на партијата.

„Не смее да има амнестија за криминал. Политичките елити не смеат да имаат имунитет. Оти последиците се забегување и штета за народот и државата. Како што гледате народот трпи и страда, а поединци се богатат. Ако е тоа надвор од законот, Мицковски не смее да ја користи партијата да го бара тоа што е надвор од политичката етика и културно однесување. Виновните треба да одговараат. Законот мора да важи исто за сите. Па и за елитата на Заев и Мицковски“, вели Петровски.

Мицкоски пак, тврди дека тој во ниту еден момент не барал амнестија, туку тоа било обид на Заев да ја дефокусира и да манипулира со јавноста.