Пет ученици повредени во пукање во близина на средно училиште во Колорадо

LinkSense.mk

Петмина тинејџери  се префрлени во болница по пукањето во близина на средното училиште во градот Аурора во американската држава Колорадо, соопшти денеска локалната полиција.

Осомничениот е во бегство, додаде полицијата, но не откри повеќе детали за нападот. Петте лица кои завршија во болница се на возраст меѓу 14 и 17 години, јави Си-Ен-Ен. Пукањето се случило во Ноум Парк, јужно од Централното средно училиште.

Централното средно училиште Аурора има повеќе од 2.000 ученици од 2019 година, според статистиката на Националниот центар за образование.