Пешачки мост ќе се гради во Делчево со средства од Источно-плански регион

LinkSense.mk
Во Делчево ќе се гради пешачки мост на реката Брегалница со средства од Источно-планскиот регион. Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека средствата во висина од шест милиони денари се обезбедени од ИПР, додека еден милион денари ќе финансира Општина Делчево.
„На седницата на Советот на ИПР беа предложени проекти за финансирање за наредната година кои ќе значат развој на самите општини и на регионот во целина. Јас, како градоначалник сум посебно задволен што по толку години Општина Делчево добива проект од ИПР. Пешачкиот мост е желба од граѓаните и избран на форумите како приортет. Овој мост го поврзува стариот со новиот дел на градот. Поблиску ќе биде и детската градинка, автобуската, библиотеката, училиштата, зградата на Општината, но и градскиот пазар, а ќе се растовари сегашниот мост кој е и единствен во центарот на градот и ќе се зголеми безбедноста на пешаците, рече Трајковски.
Тој додаде дека  има основен проект и техничка документација, а со изгрдаба ќе се започне на пролет.
Инаку, за 2018 година во ИПР се предвидени за проекти 22 милиони денари. Од нив освен пешачкиот мост во Делчево ќе се финансира  со 16 милиони денари изградба на  градинка во Штип, но и ќе се подготвува техничката докуметација за енергетско ефикасни училишта во сите 11 општини во регионот.