Во меѓународните води на Гвинејскиот залив пирати нападнале грчки товарен брод и земале шестмина заложници, изјави денеска портпаролот на данската армија.
Данската фрегата „Esbern Snare“, што патролира во Атлантикот, долж западниот брег на Африка, поради зголемените безбедносни ризици и пиратски напади, вчера испратила хеликоптер како помош во спасување на контејнерски брод нападнат од пирати со глисери кај островот Биоко, во територијалните води на Екваторијална Гвинеја, јавија британските медиуми.