Повисок водостојот на Вардар кај Јегуновце

За 39 сантиметри денеска е повисок водостојот на Вардар кај Јегуновце во однос на вчерашните мерења, а за 22 сантиметри во споредба со јунскиот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, повисок водостој е забележан и Пчиња за 23 сантиметри, но во однос на вчера има извесно намалување за два сантиметри.

Кај езерата нема некои поголеми отстапувања во однос на вчерашниот ден.