Повлечен Предлог-законот за легализирање на дивоградби

Владата на Македонија на денешната редовна 74-та седница, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски, донесе одлука за повлекување на Предлог-законот за легализирање на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.

Во известувањето е изнесено дека во изминатиот период ресорното министерство организирало работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествувало во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои биле дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување.

Владата денеска му наложи на Министерството за транспорт и врски во догледно време да изработи нов Предлог-закон за легализација на дивоградбите, согласно дадените забелешки.