Повторно гранатирана украинска нуклеарна централа

LinkSense.mk

Украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола, вчера беше повторно гранатирана.

Нападот наиде на осуда од Агенцијата за нуклеарна енергија на Обединетите нации, која предупреди дека таквите напади може да предизвикаат нуклеарна катастрофа.

Новото гранатирање на електраната на југот на Украина ја зголеми загриженоста за можна сериозна несреќа на само 500 километри од Чернобил, местото на досега најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, во 1986 година.

Повеќе од десетина експлозии ја потресоа електраната Запорожје, над која Русија ја презеде контролата веднаш по инвазијата на Украина во февруари, во саботата навечер и вчера, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).

Тимот на агенцијата на терен откри дека има оштетувања на некои згради, системи и опрема во најголемата нуклеарна централа во Европа.

Тие виделе дел од експлозиите од нивните прозорци.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за нападите врз електраната.

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ројтерс)