Нови дојави за бомби денеска се испратени до 33 основни и средни училишта во Скопје.
Околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на училиштата стасало известување дека во школските објекти има поставени експлозивни нaправи.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземаа мерки и активности за безбедно евакуирање на учениците и во тек се антитерористички проверки. Патем се спроведува истрага за утврдување на идентитетот на испраќачот на заканите.
Меѓу школите во кои стигнале дојави се „Димитар Миладинов“, „Ј.Х. Песталоци“ и Коле Неделковски“ во Центар, „Ацо Шопов“ во Бутел, „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода, „Гоце Делчев“ во Аеродром …