Повторно зголемен број заразени со Ковид-19 во Германија – 1.045 нови случаи

Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Германија е зголемен за 1.045 – на 213.067, соопшти Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Претходниот ден, во Германија беа потврдени 879 случаи на Ковид-19.

Бројот на смртни случаи од коронавирус се зголеми за седум – на 9.175.