Повторно одложена седницата за избор на шеф на скопското обвинителство

Советот на јавни обвинители по вторпат ја одложи седницата за избор на шеф на скопското обвинителство откако истече мандатот на обвинителката Гордана Ѓешкоска.

До изборот на новиот шеф на скопското обвинителство, функцијата ќе ја извршува Јован Цветановски, заменикот на Гешкоска.

Седницата, најавено е, ќе се одржи на 25 мај.

Петар Аневски, претседател на Советот на јавни обвинители, во петокот во изјава за медиумите рече дека седницата ќе се одржи денеска и дека претходно била одложена од повеќе причини.

Според него, нема пречка да се врши избор и по шест месеци од огласот, а како пример ја посочи Катица Јанева.

Сегашната шефица на Специјалното обвинителство во 2010 година како обвинител била избрана осум месеци по огласот.