Погрешно испратен меил предизвика скандал во Париската бискупија

LinkSense.mk

Парискиот надискуп Мишел Аупетит неделава му поднесе оставка на папата Фрањо откако во медиумите беше објавено дека имал интимни односи со жена, што тој подоцна категорично го негираше, пишува „Ле Монде“.

Магазинот „Ле Поинт“ напиша дека Аупетит со години имал лизок однос со едно женско лице и дека целата раота излегла на виделина кога по грешка на секретарката и го испратил меилот што бил наменет за неговата љубовница.

Бискупијата во четвртокот соопшти дека во случајов не се работело „за романтичен или сексуален однос“.

„Признавам дека моето однесување кон неа може да се сфати двосмислено, односно како да имаме итимна врска и сексуални односи. Но, јас тоа категоришо го отфрлам“, изјави Аупетит за „Ле Пот“.

Барањето за оставка „не е признавање на вината, туку е гест на понизност“, беше истакнато од бискупијата и додаваат дека Аупетит си поднел оставка „затоа што сфаќа дека оваа состојба може да внесе немир меѓу католиците во бискупијата“.

Прашање е дали папа Фрањо ќе ја прифати неговата оставка, а неговиот одговор може да се чека неколку недели.