Пожар во депонијата кај „Борис Трајковски“, на терен девет пожарникари со три возила

Гори депонијата во близина на салата „Борис Трајковски“ во општина Карпош. На терен се испратени екипи од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, но се чека механизација од општината и од Град Скопје за да се расчисти отпадот. Се работи за градежен шут и отпад.

Пожарот е пријавен во 08:10 часот утринава, а на терен се девет пожарникари со три возила.

– Чекаме механизација од општина Карпош и од Град Скопје за да се расчисти депонијата, бидејќи вака тешко ќе се изгаси пожарот, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.