Пожар во дуќан во центарот на Скопје

LinkSense.mk

Во пожар во Скопје, на улицата „11 Октомври“, спроти Управата за јавни приходи, целосно изгоре деловен објект.

Во моментот на пожарот објектот бил празен. Нема повредени лица.

Интервенцијата на припадниците на противпожарната бригада спречила огнот да ги зафати околните дуќани.

Засега не е познато како настанал пожарот. Полицијата врши увид на местото на настанот.

 

 

 

 

(Фото: Макфакс)