Пожар во фабриката „Жито Битола“, битолските пожарниари се справуваат со огнената стихија

LinkSense.mk

Екипа на територијалната против пожарна единица од Битола во моментов гасне пожар пријавен во фабриката „Жито Битола“.

-Пожарот беше пријавен во 17.25 часот и веднаш интервениравме.

Нашите пожарникари се на терен и се гасне пожар кој според првичните информации е во непосредна близина на силосите и е во насока кон индустрискиот дел, односно поранешно „Фринко“, изјавија за МИА од Територијалната против пожарна единица во Битола.

За причините и последиците од пожарот ќе биде поведена истрага.

 

ИЗВОР: МИА