Пожар над Арачиново, гори депонијата

Над Арачиново вечерва избувна пожар. Гори депонијата, а пожарникарите веќе интервенираат на терен со две возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот е пријавен во 20:10 часот и оти на терен се испратени осум пожарникари.