Пожар на Сардинија: Евакуирани илјадници луѓе

Огнена ноќ, вака италијанските медиуми информираат за големиот пожар кој ноќва зафати неколку места на Сардинија, во близина на местото Сасари.

Според пишувањето на агенцијата Анса, илјадници луѓе, локални жители и туристи, веќе се евакуирани.

Во заоната зафатена со оган небото е прекриено со пепел, а воздухот е преполн со чад.

Пожарот веќе проголта хектари шума и опасно се приближува кон населените места.

Трагичен ден за нашиот остров. Сеуште се активни две жаришта“, известија од локалната противпожарна агенција „Форестатс“.

Градоначалникот на една од општините кои се зафатени со пожарот, Ористанесе, Салваторе Кориса, на својот Фејсбук профил објави фотографии од огнот и напиша:

Катастрофа. Уште не е завршено. Стравуваме од полошо“.

Овие денови температурите на Сардинија се многу високи, над 35 степени, но сеуште не е јасно дали пожарот е последица од високите температури, немарност или, пак, можеби е подметнат.