Полска го раскина договорот за гас со Русија

LinkSense.mk

Полската министерката за клима и животна средина Ана Москва објави дека Полска одлучила да го раскине договорот со Русија поврзан за гасоводот Јамал.

Полска го раскина меѓувладиниот договор од 1993 година поврзан за Јамал. Руската агресија на Украина потврди дека одлуката на полската влада за целосно независна од рускиот гас беше правилна. Отсекогаш знаевме дека Гаспром’ не е доверлив партнер“, напиша Москва на Твитер.

Да потсетиме, Русија минатиот месец ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија преку гасоводот Јамал-Европа.

Газпром, рускиот гасен гигант, тогаш и порача на полската државна компанија за дистрибуција на гас, исто како и на бугарскиот еквивалент Булгаргаз, дека го прекинува снабдувањето со гас.

Се работи за две земји кои беа многу зависни од руски гас. Русија одлучи да го запре дотокот за нив кога тие земји одбија да го плаќаат гасот во рубли, што Москва го побара откако Западот воведе санкции кон Русија поради инвазијата на Украина.

 

 

 

 

(Фото: АП)